Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа, направени се 2.359 тестови, а регистрирани се 86 нови случаи на КОВИД-19, од Битола се 23.
Регистрирани сe 105 оздравени пациенти од Битола се 21.
До сега во Битола има 15.193 лица кои биле или се позитивни на ковид, а активни се 127 случаи.
Во текот на изминатите 24 часа регистрирано е едно починато лице од Битола (80г), починато во болничку услови. Кај лицето се регистрирани коморбидитети.
Направени се во Битола, 59 ковид тестови, преку ЦЈЗ Битола 46 и преку “Плодност“ 13.
Досега во земјата се направени вкупно 2.003.269 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 308.964, бројот на оздравени пациенти е 298.916, на починати е 9.266, а бројот на активни случаи изнесува 782.






