На 30.04.2022 во 15.24 часот во СВР Битола било пријавено дека во фирма во Битола, додека извршувале работни задачи, со тешки телесни повреди се здобиле двајца работници на возраст од 59 и 45 години двајцата од Битола.
Од здобиените повреди, едниот работник на возраст од 59 години починал на местото на несреќата, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Другиот работник е пренесен во Клиничка болница Битола за укажување на лекарска помош.
Полициски службеници и трудов инспектор излегле на лице место, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено на обдукција.