Press "Enter" to skip to content

Готвачот Марк, преку готвење за битолчани, ги презентираше производите на “Карес“

Денес во Битола на булеварот „Први мај“ 224 се одржа настан кој го организира “Карес Груп“, која има своја продавница во Битола на истата адреса, во соработка со најпознатиот готвач на нашите простори Marc De Jongh.

На радост на битолчани кои денес во текот на денот беа таму имаа единствена прилика да погледнат и да уживаат во храната која денес за нив ја подготви врвниот мајстор Marc користејќи ги продизводите на “Карес“.

Битолчани денас во живо имаа прилика да дознаат како функционираат производите на “Карес“, да слушнат и да видат како се подготвуваат нови рецепти и да ја дегустирате храната која се подготвува брзо и лесно.

За овој настан улицата беше затворена за сообраќај, а за уште подобра атмосфера се погрижи ди-џеј кој покрај храната на битолчани им “сервира“ одлична музика и забава, а битолчани кои беа таму поминаа пријатно и единствено попладне со “Карес Груп“.