Ротари клубот „Битола Широк сокак“ и НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола денес в0 Зоолошката градина во Битола ја промовираа збирката поезија во чест на прерано починатиот ротари член Нешат Аземовски.Оваа промоција е дел од “Младите поети пишуваат за планетата Земја“, а го реализираат двете инситуции.
Поетскиот конкурс „Младите поети пишуваат за планетата Земја“, кој беше објавен по повод 22 април – Светскиот ден на планетата Земја и 23 април – Светскиот ден на книгата, дел од испратените трудови од младите битолани се дел од збирката поезија.
Инаку, Нешат Аземовски, беше долгогодишен еко-активист и основач на невладината “Биосфера“, борец за здрава животна средина, иницијатор на активности за еколошка едукација и активности од други области.
Аземовски беше промотор на вредностите на мултикултуризмот, препознатлива личност со својот активизам не само во Битола и Македонија, туку и надвор од државата.

Ротари клубот „Битола Широк сокак“ и Библиотеката ја промовираа книгата поезија во чест на Нешат Аземовски
More from ВестиMore posts in Вести »
- Во Битола променливо облачно со сончеви периоди, температурата до 21 степен
- Спортските екипи од основните и средните училишта од Битола добија комплети дресови од Училишниот спорт (фото)
- Во Битола “Саем на кариера 2025“ на ФИКТ на УКЛО (фотогалерија)
- Во Битола се полагаше тест за вработување во Клиничка болница Битола и општите болници во Прилеп, Охрид и Кичево (фото)
- Промовиран документарниот филм “Слободата заборавена меѓу регистрите“ (фото)
More from КултураMore posts in Култура »
- Промовиран документарниот филм “Слободата заборавена меѓу регистрите“ (фото)
- Кога зборовите се враќаат дома: Лидија Димковска во Книжевниот клуб Утопија во Битола (фото)
- Објавен конкурс за доделување на наградата “Антево перо“
- Промовиран училишниот весник “Нова Веда“ на гимназијата “Јосип Броз Тито“- Битола (фотогалерија)
- За Соња Михајлова наградата за животно дело на МТФ “Војдан Чернодрински” во Прилеп