Press "Enter" to skip to content

Младинскиот погон на ФК Пелистер стартуваше со полна пареа (фото)

На два дена пред да стартуваат подготовките на првата екипа на Пелистер, во понеделникот стартуваа со работа сите категории на младинските екипи. Координаторот на младинските екипи, Науме Љамчевски, за стартот на подготовките вели:

-Започнавме со работа со младинските категории во понеделникот, а денес треба да започнат со работа сите екипи. Во подготвителниот период кој ни престои ќе работиме по плановите кои сите тренери ги имаат за нивните категории. Мораме да работиме поквалитетно со сите екипи бидејќи според најавите порано ќе стартува пролетниот дел. Што се однесува пак до натпреварувачкиот ден четири екипи ќе се натпреваруваат со Супер младинската екипа, а помалите генерации ќе настапуваат во детските регионални лиги. Што се однесува пак до стартот на подготовките моравме да започнеме во интерес на младите фудбалери.Синоќешниот тренинг на “најстарата“ екипа на младинскиот погон на Ќумурното игралиште, го водеше Виктор Киранов, кој во пролетниот дел ќе ги води кадетската и младинската екипа.

-Моравме да започнеме со тренинзи без разлика кој и како ќе го води клубот. И пред координаторот да ја донесе одлуката за старт на младинските подготовки, во соработка со младите фудбалери и нивните родители се договоривме да започнеме со тренинзи. И сами гледате дека има голем број на младинци кои сакаат да работат, а тројца младинци од денес ќе работат и со првата екипа на Пелистер, вели Киранов.

Што се однесува пак до тренерите кои ќе ги тренираат младите категории, сите освен Ѓоко Илиевски, остануваат со своите категории.

С.Р.

More from СпортMore posts in Спорт »