Press "Enter" to skip to content

Еурофарм Пелистер од Битола чекори назапирливо кон титулата, “потопен“ Охрид во Охрид (фотогалерија)

Охрид – Еурофарм Пелистер 22:29 (11:14)

Екипата на Еурофарм Пелистер од Битола не дозволи кикс во Охрид против истоимената екипа, туку напротив одигра одличен натпревар со кои бодови направија голем чекор кон втората по ред шампинска титула по ред.Со оваа победа “пелистерци“ чекорат по зацртаната патека до титула, а вечерва во Охрид победија убедливо со 22:29, полувреме 11:14 во натпревар во кој се истакна капитенот Капитенот Филип Кузмановски со 10 гола, а и  голманот Калифа Гедбане со 10 одбрани. Првите петнаесет минути помина во изедначена игра, а потоа слесуваше победничката песна на Еурофарм Пелистер, која се беше во нивна корист. Прво следуваше серија од 5:0 за “пелистерци“ за 8:12, по водството на Охрид од 8:7. Убава предност Еурофарм Пелистер ја чуваше се до крај на првото полувреме кое заврши со 11:14.На стартот на вториот дел Еурофарм Пелистер зголеми на 11:15, а во следниот напад за првпат имаа највисоките+5 “ за 11:16 во 32. минута.Следуваа одбраните на расположениот голман Калифа Гедбан, а во реализациите во нападот Еурофарм Пелистер направи предност од 13:19 во 40 минута. В0 50. минута “пелистерци“ имаа и +10 (16:26), а со тоа беше решен и победникот. Кај Еурофарм Пелистер најефикасен капитенот Филип Кузмановски кој постигна 10 гола, а Богдан Радивојевиќ запиша 6 гола.Со оваа победа Еурофарм Пелистер останува лидер на табелата и има два бода предност во однос на Вардар.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »