Press "Enter" to skip to content

Охрид “зелено-бел“, повторно илјада битолчани кејот покрај езеро го “направија“ како Широк Сокак во Битола (фотогалерија)

Како и се очекуваше вечерва Охрид беше зелено-бел, а зелено белата боја доминираше насекаде, по кафулината, пабовите, рестораните, а на охридскиот кеј битолчани се шетаа како по Широк Сокак во Битола.Уште неколку часа пред натпреварот во “Билјанини извори“ каде се играше можеби решавачкиот натпревар на “пелистерци“ за втората по ред титула, насекаде битолчани со зелено-бели дресови, со зелено-бели шалови, со обележја на клубот за кој дојдоа во Охрид, да навиваат за клубот и како рековме, да ја заверат титулата.Околу 18 часот од сите страни на Охрид зелено-белата боја се “пресели“ во спортската сала “Билјанини извори“ каде “пелистерци“ се бореа и убедливо победија, и направија голем чекор кон титулата на четири кола пред крајот на плеј-офот.А, кога во салата, на трибината подготвена за навивачката група “Чкембари“ се пополни со “гостите“ од Битола, започна навивачката атмосфера.“Чкембарите“ кои пристигна со големениот транспарент “Битола“, заедно со сите кои беа облечени во зелено-бела боја, кои ги имаше околу 1.000, го бодреа својот тим до победата како и доликува за навивачите од Битола, кои и во Охрид покажаа дека се најракометната публика не само во Македонија.На крај, во последните десетина минути кога се беше одлучено околу победникот, двете навивачки групи “Чкембари“ и “Гладијатори“ заедно навиваа.По победата ракометарите ги отпоздравија навивачите, заедно ја запееја “Ако одам во Битола“, се радуваа на победата и на титулата која им се насмевнува.Ракометарите, предводени од претседателот Зоран Стерјев, тренерот Бланислав Ангеловски и капитенот Филип Кузмановски, победата ја прославија и во соблекувалната, овој пат оправдано со пиво и песна.Остануваат уште четири кола до крајот на Шампионатот, на “пелистерци“ им требаат четири победи, кои гаратираат победа  и заедно да се радуваме на титулата, а ние преку фотогалерија фотографирана на трибините, во пренесуваме дел од атмосферата на “битолската“ трибина во Охрид.

Текст и фото: Сашо Ристевски

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »