Press "Enter" to skip to content

Утре седница на Советот, разрешувања и именувања

Претседателот на Советот на општина Битола, Валентин Груевски, за утре 1 ноември ја закажа втората седница на Советот, со почеток во 10 часот.

На дневниот ред на втората седница, прва по конституирање на Новиот совет по локалните избори кои се одржаа на 15 октомври, има вкупно 54 точки.

На Седницата која ќе се одржи во салата за седници на Советот, со предлог на претседателот, првите 16 точки на дневниот ред, ќе бидат за формирање на комисиите кои се потребни за работа на Советот. Ќе бидат формирани комисиите за финансии и буџет, јавни и комунални дејности, убранизам и заштита на животната средина, за млади и спорт и рекреација, безбедност, права на децата и други.

Од 17 до 32 точка на двевниот ред се точките за резрешување и именување на членови на управни и надзорни членови во јавните претријатија, “Пазари, “Нискоградба“, Комуналец“, “Водовод“, ИЗ “Жабени“, урбанистично планирање проектирање и инженеринг, како и во јавните установи Дом за старски лица и Зоолошка градина.

Потоа следуваат точките од 33 до 50, за расрешување и именување на членови на уличишните одбори во сите средни општински училишта и основните училишта на територијата на општина Битола.

На крај се точките од 51 до 54 кои се однесуваат на резрешување и именување на членови на управните одбори во детските градинки.

Фото: www.bitola.gov.mk