Press "Enter" to skip to content

Александар Јовановиќ – градски првак во куглање

Во кугланата, во спортската сала “Младост“ во Битола, вечерва заврши градското првенство во куглање а, веднаш потоа  беа прогласени најдобрите.

Првак на Битола во куглање  е Александар Јовановиќ со соборени 827 дрвца. Второпласиран е Пецо Димовски со 785, а на трето место со соборени 783 дрвца е Цане Колев, од вкупно дваесет битолски куглари.

Наградите на првите три пласирани им ги додели градоначалничката на Битола, Наташа Петровска, која на присутните натпреварувачи и публиката им нагласи дека ќе се залага предизборното ветување за изградба на мултинаменски спортски комплекс да го исполни.

Покрај Петровска на завршницата на турнирот и доделувањето на наградите беше и пратеникот Васко Ковачевски, претседателот на Советот на општина Битола, Валентин Груевски, како и советниците Методија Илиевски, Борче Корлевски, Тони Коњановски и Иван Чулаковски.

Организаторот на турнирот Игор Михајловски рече дека му е мило што по подолго време на ваков начин се организира ова градско првенство и е задоволен од тоа како кугларе битолските куглари.

-Доделивме десет награди на првите десетмина кои улествуваа на овој дводневен турнир кој се одржа во понеделникот и денес. Покажевме дека Битола има куглари кои заслужуваат подобри услови, рече Михајловски, кој и сам се куглаше и само за две соборени дрвца “му избега“ третото место, кој потсети дека ова градско првенство е дел од прослалавувањето на Денот на ослободувањето на Битола.

С.Ристевски

Be First to Comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Mission News Theme by Compete Themes.