Press "Enter" to skip to content

Силен Пелистер за убедлива победа над Еурофарм Работник

Еурофарм Работник – Пелистер 17:25 (7:10)

Спортска сала “Младост“ во Битола

Гладачи: 3.000

Судии: Ѓорѓи Начевски и Славе Николов од Скопје

Еурофарм Работник: Ојлевски, Трајковски, Петровски, Пецаковски, Талевски, Чурлевски, Ивановски, Мојсовски, Ристевски, Мојсовски, Ристевски, Мемиќ, Умовист, Куковски, Крстевски, Дрогришки, Граџан и Мсхквилдзе.

Пелистер: Ристевски, Јагуриновски, Маџовски, Ивановски, Чантурија, Димитровски, Апостоловски, Рајичиќ, Чуриќ, Ојроникинедзе, Бисеовски, Митревски, Ончев, Митиќ, Тоторовски и Везенковски.

Неочекувано екипата на Пелистер, многу лесно дојде до убедлива победа над екипата на Еурофарм Работник во првото градско ракометно дерби на Суперлигата, кои како “гости“ го совладааа Еурофарм Работник со 25:17, полувреме 10:7.

Првите минуту од натпреварот се одиграа изедначено, а екипата на Пелистер, само поради неколкуте одбрани на противничкиот голман Ивановски, не поведе. По 10 минути игра беше 2:2, а само по 5 минути подоцна Пелистер имаше предност од 4 гола (6:2).Потоа имаше серија од три гола на Еурофарм Работник (6:5), за да следи добра игра за 8:5 за Пелистер, а на одмор се отиде со 10:7.

Добрата игра во одбраната, од крајот на првото полувтреме, продолжи и на стартот на второто, за Пелистер да стигне на шест гола предност на половина од вториот дел. Во 53 минута Пелистер имаше седум гола предност (17:11), а потоа без многу проблеми “пелистерци“ предводени од тренерот Стевче Алушевски, го приведоа натпреварот до крајот.

Најефикасен во Пелистер беа Орјоканидзе со 11 гола, а кај Еурофарм Работник  Дрогришки со 5 и Пецаковски и Ојлески со по 4 гола.

 

More from СпортMore posts in Спорт »