Струга – Еурофарм Пелистер 25:33
Еурофарм Пелистер од Битола ја забележа втора победа во Суперлигата, прва на гостински терен оваа сезона, а без проблеми славеше на гостувањето кај Струга со резултат 25:33. Лино Червар им даде доверба на македонските ракометари кои демонтрираа висок квалитет и ефикасност, па така “пелистерци“ на пауза заминаа со седум гола предност (9:16). Во второто полувреме Струга само на кратко се доближи на -4, но фаворитот рутински го приведе натпреварот до крај.
Најефикасен кај Еурофарм Пелистер беше Капитенот Филип Кузмановски со седум гола, а Петар Атанасијевиќ и Ненад Белистојаноски со шест. Голманот Никола Митревски забележа 11 одбрани.
Мулти есенс – Еурофарм Пелистер 2 29:30
Екипата на Еурофарм Пелистер 2 дојде до триумф во 2. коло на гостувањето кај Мулти Есенс (29:30) во скопска Автокоманда. Натпреварот беше израмнет натпревар полн со возбудувања, а на крајот битолчани ја забележаа победата. Најдобар стрелец кај Еурофарм Пелистер 2 беше Кристијан Симоновски со осум гола, пред Давид Димевски со седум постигнати гола. За Еурофарм Пелистер 2 ова беше прва победа во новата сезона.










