Press "Enter" to skip to content

Фудбалерите на Пелистер го победија Охрид како домаќини во Новаци, сега се првопласирани

Пелистер – Охрид 1:0 (1:0)

Екипата на Пелистер од Битола во рамките на натпреварите во Втората фудбалска лига на Македонија одиграа натпревар, еден од двата кои го имаа епитетот дерби на колото.

“Пелистерци“ ка ко домаќини во Новаци беше подобар од ГФК Охрид со резултат 1:0, полувреме 1:0 и им го нанесе првиот пораз на тимот од Охрид.

Голот за победа “пелистерци“ го потигнаа во првото полувреме, а стрелец беше Стојанов во 40. минута.

По одиграни 6 кола тимот на Пелистер е првопласиран со 14 бода, со 4 победи и две нерешани средби. Втори се охриѓани со 12 бода. Третопласиран е тимот на Брера со 10 бода, колку што има четвртопласираниот тим на Беласица и петтопласираниот Кајмани.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »