Press "Enter" to skip to content

Еурофарм-Работник со победа во Литванија продолжува во Челинџ купот

Гранитас Каунас – Еурофарм Работник 23:29 (10:11)

Ракометарите на Еурофарм Работник иако од Битола заминаа на долгиот пат со умерен оптимизам, во Каунас ја победија убедливо домашната екипа на Гранитас и се пласираа во осмина финалето на Челинџ купот. Тие по втор пат за време од седум дена ја совладаа литванската екипа и супериорно остануваат во “ракоеметна Европа“.

Првата половина од првиот дел помина во изедначена игра, а така беше и резултатот 5:5. Во вториот дел од полувремето со одбраните на Ивановски и головите на Граџан и Ојлевски стигнаа до предност од два гола, а на одмор заминаа со гол предност 11:10.

Стартот на вториот дел беше во знак на головите на Ојлевски и Чурлевски за водство од два гола, 15:13, во продолжението со трите гола на Пецаковски битолчани стигнаа до четири гола предност, а тогаш се гледаше и конечната разврска за победникот во двомечот. На крај се заврши со неочекувани шест гола разлика за Еурофарм Работник и пласман во осминафиналето.

Најефикасни во екипата на Еурофарм Работник беа Ојлески со 7, Граџан со 5 и Пецаковски со 4 гола.

Фото: Facebook: Филип Ивановски

More from СпортMore posts in Спорт »