Press "Enter" to skip to content

Победа на Пелистер за зацврстување на првата позиција на табелата

Металург 2 – Пелистер 31:32 (17:17)

Ракометарите на Пелистер продожуваат со победничката серија. Овој пат совладана е екипата на Металург 2, на гостински терен, минунално со 32:31, откако полвремето заврши резултатски израмнето, 17:17.

Иако екипата на Пелистер, според квалитетот на ракометарите и ледерската позиција на табелата, беа фаворит на овој натпревар, сепак до двата нови бода не стигнаа така лесно како се очекуваше, бидејќи мотивот кај младите “металурзи“, името Пелистер, беше силен.

“Металурзите“ одлучно започнаа и направија разлика од +4, само за седум минути игра (5:1), по што тренерот на Пелистер, реагираше со тајм-аут, за да врати ракометарите во средена игра во одбрана и напад. По ова “пелистерци“ заиграа добро и полека ја намалуваа разликата, за на полувреме да биде нерешено, 17:17.

И во второто полувреме екипата на Металург започна во стилот на првото и имаа резултатска предност, а Пелистер дури во финишот на натпреварот дојде до прво водство од 24:23. Предноста на Пелистер, од гол или два, се одржуваше до крајот на натпреварот, кој заврши со гол предност за Пелистер, 32:31.

Пелистер успеа да одбрани победа и да не дозволи реми во последните 10 секунди, кога домаќините не се снајдоа најдобро.

Кај екипата на Пелистер најефикасен ракометар беше Орјоканидзе со 11 гола.

More from СпортMore posts in Спорт »