Press "Enter" to skip to content

Победа во гости на фудбалерките на Топ гол

Саса – Топ гол 0:2

Тренерот на сениорската женска екипа на Топ гол ,Кире Грбевски не го криеше задоволството од победата против ЖФК Саса  во пресметката од 9 коло во Првата македонска фудбалска лига за жени.

Натпреварот кој се одигра на градскиот стадион  во Македонска Каменица, битолчанки со конечен резултат од 0:2 остварија нова победа и прокнижија нови три бода на нивното бодовно салдо.

Головите за Топ гол ги постигнаа Јанкоска и Гелевска.

За Топ гол настапија: Колевска, Размовска, Гоцевска, Јанковска, Стојановска,Петровска,Николовска,Нешковска, Гелевска, Ѓоргиоска, Т.Јанковска уште играа: Ристевска, А. Петревска, Миленковска, Митаноска и Т. Сточевска.

-Им честитам на моите фудбалерки за оваа победа.На овој натпревар се покажавме во две сосема различни светла. Не сум задоволен како го почнавме натпреварот, не бевме фокусирани и напаравивме неколку грешки во самата реализацијата за гол. Добрата игра  во второто полувреме вроде со плод, направивме многу шанси и со головите во финишот на натпреварот издвојуваме победа.Ние сме млада екипа и во иднина очекувам вакви осцилации во нивото на игра но континуитетот од две  победи на гостински терен ми даваат сигнал дека имаме огромен потенцијал кој треба да го надградиме со тренинг, вели тренерот, Кире Грбевски.

Следното 10 коло битолчанки ја пречекуваат екипата на Кочани, а натпреврот е закажан за сабота и ќе се игра на фудбалското игралиште “Павел Шатев“.

More from СпортMore posts in Спорт »