Press "Enter" to skip to content

Христијан од Гинимале влезе во надојдениот Драгор и спаси германски овчар (фотогалерија)

Утрово кај железничкиот мост, во месноста “Кајнак“ во Генимале се случуваше спасувачка акција, во која учествуваа десетина жители од оваа битолска населба, за спасување на расно куче, германски овчар.

Утрото и покрај бучењето на реката Драгор, поради зголемиот водостој, ги разбудило чудно лаење на куче. Кога го забелележале дека е застанато на мало “островче“ од грански и треви кои реката го направила, веднаш започнале да се организираат да го извадат од неа.

По неколку неуспешни обиди да се спаси испаниченото куче од водите на надојдената, и во тој дел брза река Драгор, млад жител на Гинимале се реши на храбар потег. Голорак беа никаква заштита знаејќи кој е опасно да се влезе во ваков брз и матен Драгор, влезе само за да го спаси кучето. По краткото запознавање со германскиот овчар, младичот ја доби довербата од кучето.

Најпрво го донесе до мостот, каде го заврзаа со јаже, а неколкумината кои беа на мостот го извлекоа на мостот.

За храбриот млад битолчанец кој влезе во Драгор за до спаси кучето, кој не ни кажа како се вика, бил жител на Гинимале, се викал Христија, а пријателите го викале Кико – Адут.

На исплашеното куче веднаш му пријдоа неколку дечиња, кои со погалија и го смирија, а кучето го прибраа во куќа, каде рекоа ќе прво ќе го нахранат и ќе го затоплат, бидејќи тие мислат дека кучето во реката  ја поминало целата ноќ и кој знае од каде е донесено и колку рекат го носела.

Жителите на населбата “Кајнак“ веднаш се оргаранизираа на разни начини да ги најдат сопствениците на расниот германски овчар.

Еве низ фотографии како се одвиваше спасувањето на кучето од надојдените води на реката Драгор.

Текст и фото: С.Ристевски

 

More from БитолаMore posts in Битола »