Press "Enter" to skip to content

Друшвото за наука и уметност од Прилеп, со трибина во Битола

Друштвото за наука од Прилеп во “Магазата“ во Битола, организираше трибина на тема, “Прилози кон двојазичноста на Македонците врз основа на споредба на славофаниот македонски јазик со грчкиот“.

Модератор беше Слободан Беличанец, кој за целта на оваа трибина која се организира во Битола рече:

-Целта на овој настан е да се предизвика, не само научната и пошироката јавност, со текст, за кој според мое лично мислење, ќе треба да следува едно критичко издание. Тоа ќе треба врз основа на еден мултидисциплиниран научен присврт да се изјасни за прашањето, дали оваа книга е на линија на македонската борба на онаа што значи територијални аспирации на независна Грција кон овие неослободени делови од турската Осмалниска империја, или пак значи потврда за двојазичната лингвистичката и воедно идентитетската поврзаност на денешните современите македонци со древните македонци.

На трибината зборуваше и Божидар Кирјанов, кој има потекло од Серес, Грција и според него директен наследник на хомеровиот јазик е сегашниот македонскиот јазик.

–Во поново време е издадена една книга за историја на македонскиот народ, чиј заклучок е дека македонскиот јазик како наследство од хомеровиот јазик има 1260 збора. Ако за жив јазик се вели дека се потребни 1000 зборови, а ние во сегашниот јазик имаме повеќе од 1000 зборови тоа значи дека наследник на хомеровиот јазик е сегашниот македонскиот јазик.

Трибината ја отвори, историчарот, Александар Литовски, директор на Завод и Музеј – Битола.

More from КултураMore posts in Култура »