Press "Enter" to skip to content

Победа на Еурофарм Работник за есенски вицепрвак (фото)

Еурофарм Работник – Пролет 26:22 (13:11)

И ракометарите на Еурофарм Работник ја завршија есенската полусезона од Супер ракометната лига. Тие во завршницата ја победија екипата на Пролет и ќе презимат на второто место на табелата.

Иако околу 500 љубители на ракометот во ладната спорстка сала “Младост“, мислеа дека “фармацевтите“ лесно ќе дојдат до победата, екипата на Пролет им даде силен отпор, а имаа и резултатска предност во првите минути, кога поведоа 3:2.

На овој отпор на гостите следуваше консолидација на одбраната и голови во нападот, преку бекот Дрогришки и крилата, за на одмор се отиде со два гола предност за ракометарите на Еурофарм Работник 13:11.

Второто полувреме започна со решеност на екипата на Еурофарм Работник со победа да ја заврши полусезоната, а некаде кон крајот на првата третина од вториот дел разликата беше шест гола. По оваа предност ракометарите на Пролет немаа сили да продолжат со отпорот, а домаќините лесно го заврши натпреварот, со победа од четири гола, 26:22.

Откако беа поразени од Пелистер, екипата на Еурофарм Работник, не знае за пораз и нанижаа шест победи, четири во Супер лигата и две во Челинџ Купот.

На крајот од полусезоната екипата на  Еурофарм Работник е второпласирана на табелата, веднаш зад Пелистер, кој е есенски првак.

More from СпортMore posts in Спорт »