Press "Enter" to skip to content

Битолските адвокати го одбележаа Денот на битолската адвокатура (фото)

На 16 декември во 1976 година адвокатите од Битола за првпат формално и правно одлучија да регистрираат Општинска адвокатска организација (ОАО), која имаше за цел да ги штити и да ги застапува интересите на адвокатурата,  a по тој повод, адвокатите од Битола, преку Адвокатската заедница на Битола, го одбележаа Ден на адвокатурата, во хотелот “Епинал“, каде одржаа и свечен состанок.

На свечениот состанок пред околу стотина присутни се обрати претседателот на Адвокатската заедница, Никола Главинче, кој нагласи дека ова е негов последен ваков состанок, бидејќи му завршува мандадот, кој му е доделен од колегите.

Главинче нагласи дека сака во Адвокатската заедница покрај младите да ги види во поголем број и повозрасните адвокати, а се осврна и не некои проблеми кои ги имаат адвокатите во Битола. Тој рече, дека за прв пат адвокатите ќе добијат своја просторија во Судот во Битола.

На состанокот посебно беа поздравени адвокатите што одбележуваат јубилеј во својата адвокатска кариера од 15 и 20 години.

На адвокатот Антонијо Димитровски, по повод нивното пензионирање, му беше подарена стилизирана монета со знакот на правдата. Тој во своето обраќање се заблагодари на присутните и на сите адвокати за пријатното изненадување, кои му го приредија за неговите колеги за четириесес години во правниот систем, 20 како судија и 20 како адвокат.

На свечениот состанок беа присутни и колегите, адвокати од Крагуевац, Србија, кои упатија честитки за прославата и покана за сите битолски адвокати да ги посетат во Србија.

По свечениот состанок следуваше и традиционалната адвокатска забава во Градската кафеана во хотелот “Епинал“.

More from БитолаMore posts in Битола »