Press "Enter" to skip to content

Започна првото издание на “Чкембе фест Битола 2026“, готвачи од Македонија, Турција и Унгарија утре ќе прават чкембе чорба (фотогалерија)

Вечерва во Битола, на плоштадот “Магнолија“ свечено беше отворено првото издание на “Чкембе фест Битола 2026“ на кое утре ќе се натпреваруваат десет екипи од Битола, Скопје, Куманово, но и од Турција и Унгарија во подготовка на највкусна чкембе чорба која ќе ја оценува меѓународна жири комисија.Организатори на “Чкембе фест“ се Здружението за културни, уметнички, традиционални и забавни активности „Гурман плус“ Битола и Здружението за угостителство и туризам “Еснаф“ од Битола, а со поддршка на Општина Битола.На “Магнолија“беше послужена чкембе чорба, а присутните уживаа и во убава фестивалска музичка програма, а настанот, односно програмата предвидува и голем гастрономски натпревар и натпревари во подготовка на чкембе специјалитети, понуда на чкембе чорба од казан, презентација на храна и пијалоци од излагачи и производители на органска храна и презентација на македонското културно наследство.На “Магнолија“ пред голем број на битолчани – Чкембари, натпреварувачите, жири комисијата, гости од странство, гости од други градови… на свеченото отворање пригодно обраќање имаше градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, кој претходно како битолчанец проба од чкембе чорбата која ја подготвија куварите од ресторанот “Корзо“ од Битола.-Замислата на организаторот која е за поздравување е што посебен акцент се става на идејата традицијата да се претвори во современа туристичка и гастрономска понуда, преку која препознатливите вкусови, рецепти, обичаи и гостопримството на Битола ќе бидат претставени пред домашните и странските посетители. Гастрономијата и туризмот, културата и забавата, како инспирација за амбицијата фестивалот, односно Битола да добие уште еден препознатлив настан кој ќе прерасне во традиционален.На свеченото отворање се обрати и Никола Каровски, координаторот на манифестацијата “Чкембе фест“ кој рече:-Големо задоволство е што од 9 до 11 октомври во Битола, заедно ке jа славиме традицијата, гастрономијата, музиката, фолкорот, ракотворбите, македонската култура… Чкембето, како дел од балканската и македонската традиционална кузна, не е само јадене. Тоа е приказна за домаќинството, за семејната трпеза, за старите рецепти кои се пренесувале од поколение на поколение и за времето кога храната имала посебна вредност – затоа што во неа биле вложени знаење, труд и љубов. Токму затоа, оваа манифестациа е многу повеќе од гастрономски фестивал. Таа е место каде што традициата се срекава со современоста, каде што културата се споделува, а Битола уште еднаш покажува дека има што да понуди.  Овој фестивал е и можност да ги поддржиме локалните угостителите, занаетчиите, уметниците и сите оние кои со своата работа придонесуваат традицијата да остане жива. Посебно ми е драго што вечерва со нас е и градоначалникот на Општина Битола, кој со своето присуство го збогатува ова свечено отворање. Нека овие три фестивалски денови бидат денови на дружење, радост, добра храна, музика, песна и нови прирателства.Денес на првиот ден на “Чкембе фест“ се одржа и трибина на тема “Балканската кујна и тенденциите во туризмот и угостителството во Битола и регионот“ на која зборуваа проф. д-р Науме Мариноски на тема “Гастрономскиот туризам како мотив и предуслов за избор на туристичката дестинација“, проф. д-р Сашо Коруновски за “Улогата на традиционалната и автентичната храна во развојот на културниот туризам во Македонија“ и проф. д-р Климент Наумов говореше за „Економските ефекти од понудата на македонската традиционална храна врз домашната економија во Македонија“. На трибината во кино “Манаки“ зборуваше и Пеце Стојчевски, кој го понесе и најголемиот товар околу организацијата на “Чкембе фест“ со неговите вработени во ресторанот “Корзо“.-Со угостителство се занимавам 40 години, а уште од моите почетоци работев заедно со мајстори кои готвеа чкембе чорба и тоа го сметале како традиционално битолско јадење. Овој битолски специјалитет го готвам и послужувам и во моите ресторани сите овие години, а така е и сега, во ресторанот “Корзо“ служиме чкембе чорба. Се вклучив во овој настан, јас и сите ние да дадеме еден печат на оваа храна, чкембе чорбата да остане еден битолски специјалитет и за младите, за генерациите кои доаѓаат после нас. Мислам дека кај младите нема навика да го јадат овој наш специјалитет, а се надевам дека оние кои не пробале, ова е можноста сега тоа да го направат, да ја го бендисаат чкембето и да ја продолжат оваа битолска традиција, на појадок, да јадат чкембе чорба, и да им биде градска навика како и кафето на Широк Сокак.На “Магнолија“ вечерва настапи со младите категории КУД “Битола“ и естрадни уметници, група “Оскар“, Татјана Стефановска, Дона…

На поставените штандови производителите имаа презентации на производи од органска храна, како и учество на вредни ракотворци кои преку своите дела ги оживуваат мотивите од, македонското културно наследство, а сето тоа придонесува традицијата да остане жива.Навивачата група “Чкембари“ кои се дел од “Чкембе фест“ организираа “баклијата“ на Широк Сокак.

-Трите фестивалски денови во Битола нека бидат денови на дружене, радост, добра храна, музика, песна и нови прирателства. Нека “Чкембе фест“ прерасне во традиција која ке ja препознаваме, и да знаеме за во иднина како да ја чуваме традицијата, да ја почитуваме културата и да ги пренесуваме нашите вредности на идните генерации. Ви посакувам приатен престо, добро расположение и незаборавни фестивалски денови, порачаа организатоите.

Текст и фото: Сашо Ристевски 

Линк за фотогерија:

https://www.facebook.com/photo?fbid=1738557891316363&set=pcb.1738559681316184&locale=mk_MK

More from БитолаMore posts in Битола »