Press "Enter" to skip to content

Свечена академија со мото: „Свети Нектариј моли го Бог за нас“

Со молитва, и голем број желби за правење добри дела и ширење љубов помеѓу луѓето, вера, разбирање, трпение, вчеравечер во Народниот театар во Битола, се одржа Свечена академија. На свечениот настан по повод чествувањето на Свети Нектариј Битолски, на сите граѓани празникот им го честитаа градоначалничката на Општина Битола, м-р Наташа Петровска и митрополитот преспанско – пелагониски и администратор австралиско – новозеландски г.Петар.

Свечената музичка Академија беше исполнета со програма со рецитали и црковни песни, посветени на овој наш пред се духовен заштитник. Текстовите претставуваа дел од неговата биографија и црковната богослужба, испеани по старото македонско – источно пеење. Со таа црковна музика и самиот Свети Нектариј во Света Гора се молел на Бога за својот народ.

Машки хор: Свети Нектариј Битолски – диригент м-р Игор Гулевски

Женски хор: Света Макрина – диригент Мери Чекуткова

Машки хор: Свети Ахил Преспански – протопсалт диригент Константин Сековски.

Низ видео презентација присутните имаа можност накратко да се запознаат со житието на Свети Нектариј, неговите свети мошти и местата каде се подвизувал: Света Гора и манастирот на св. Бесребреници Козма и Дамјан – Костурско.

Настаните по повод одбележувањето на Денот на Заштитникот на градот, Преподобен Свети Нектариј Битолски, се во организација на Општина Битола и Преспанско – пелагониската епархија.

Како дел од активностите по повод Свети Нектариј Битолски, вчеравечер во фоајето на народниот театар во Битола, беше отворена изложбата „Битолските еснафи“. Изложбата ја отвори градоначалничката на Општина Битола, м-р Наташа Петровска.

More from ВестиMore posts in Вести »