Press "Enter" to skip to content

Средба на Регионалната стопанска комора со седиште во Битола и Стопанската комора на Грција

Деновиве во Битола се одржа средба на која учествуваа делегации од Регионалната стопанска комора со седиште во Битола и Стопанската Комора на Грција, која се одржа во “GT Lounge bar“, на Широк Сокак.

Делегацијата на Регионалната комора со седиште во Битола, беше предводена од претседателот, Мирко Велковски, а грчката од нивниот претседател, Савас Сапалидис.

Домаќин на средбате беше сопственикот на “GT Lounge bar“, Гоце Талески, кој беше иницијатор за одржување на оваа средба. Човекот кој се погрижи да се сретнат двете делегации е главниот готвач во “GT Lounge bar“, Траианос Филипоу.

-Целта на одржувањето на оваа средба беше да се дефинира идната соработка со Стопанската комора на Грција, а првата официјална средба е договорена да се одржи на 17 јануари во Лерин, Грција. Покрај одредување на денот на одржување на официјалната средба беше и да се одредат начините на соработка посебно во туризмот и угостителството помеѓу компаниите кои работат во оваа област од Македонија и Грција, а посебно со тие кои работаат во Северниот дел на Грција. Како еден од начините на соработка е аплицирањето и искористувањето на европските фондови кои Европската унија ги доделува за меѓугранични проекти во кои ќе бидат вклучени компании од двете држави, Македонија и Грција, вели домаќинот на оваа средба, сопственикот на “GT Lounge bar“, Гоце Талески.

Неофицијално дознаваме дека здружението “Еснаф“ од Битола, за свој претставни во Регионалната стопанска комора од Битола, го предложило Гоце Талески, заради поефикасна реализација на оваа бизнис идеја која била едногласно прифатена.

More from ВестиMore posts in Вести »