Press "Enter" to skip to content

Еве кои се предлог мерките за намалување на аерозагадувањето на “Геосфера“

По потпишувањето меморандум за соработка помеќу Регионалното географско друштво „Геосфера“ од Битола, поддржано од “Цивика Мобилитас“, со Општина Битола, изработи предлог мерки за намалување на аерозагадувањето во град Битола и ги поднесе до општина Битола.

– „Геосфера“ откако го потпиша меморандумот ја интензивира соработката со инспекторатот за животна средина во делот на побрзо идентификување на аерозагадувачите во градот и поефикасно делување на овластениот инспектор при надзор на терен. Изработивме и  предлог мерки кои се продолжение на борбата на голем број граѓански здруженија, како здружението „За нас се работи“, кои се пионери во овие акции. Предложените мерките се резултат на долготрајно истражување и адаптација на географскиот простор во кој живееме и за нив е изработена интерактивна карта, а решавањето на овој долгогодишен проблем е од витално значење за сите нас и тој не може да се реши преку ноќ. Потребна е голема воља од надлежните институции и сите граѓани на Битола за зацртување на правецот по кој ќе се движиме за конечно Битола да дише чист воздух, изјави м-р Мите Ристов, претседател на „Геосфера“. 

Со предлог мерките се опфаќа:

За зелена Битола:

 -пошумување со иглолисна шума на Снеговско-облаковскиот масив (над обиколницата) изгорена во шумскиот пожар од 2007 год., просторот на падините под манастирот  “Св. Атанас“ над Стрчин и голините над Лавчанска населба,

-создавање на зелени коридори-дрвореди од иглолисни дрвја од запад кон исток за внесување на свеж воздух во градот од Пелистер, како и два појаси како тампон зона меѓу индустриската зона и јагленокопот на РЕК “Битола“ од една страна и град Битола од друга,

-изградба на зелена ограда, односно оградување на коритото на река Драгор од Црн мост до пресекот со железничката пруга со ниска ограда и засадување на зимзелени лилјани,

-изградба на втор градски парк на површина од околу 11 ha, во делот над населба “РЕМО3,

-изградба на неколку локални паркови на вкупна површина од околу 30 ha на девет локации низ градот,

-поставување на дрвореди на паркинзите, кои во најголем дел се без ниту едно дрво.

Битола велосипедски град

-изградба на велосипедски патеки низ градските улици, во прва фаза покрај главните улици,

-основање на 6 велосипедски пунктови за изнајмување на велосипеди на следниве локации,

-прогласување на улици за пешачки зони, како: улицата “Булевар 1-ви Мај“, на потегот од дрвеното мовче до Мојсов мост и улица “Никола Тесла“, на потегот од река Драгор до “Гроздот“.

Затоплување на домовите и институциите

-инсталација на водени филтри на котлите на мазут на сите институции во градот и сите домаќинства кои користат котли на огревно дрво или јаглен со парно системи над 20 kw моќност,

-субвенционирање на печки со пелети,

-достава на исклучиво сертифицирано огревно дрво со низок процент на влага, најдоцна до крајот на месец август во тековната година,

-субвенционирање на социјално загрозените домаќинства со сертифицирано огревно дрво на принцип 50-50%,

-да се достави барање за субвенционирана струја за сите граѓани на општина Битола по моделот 20% намалување на сметките до износ од 5000 денари месечно.

Индустрија и мало стопанство

-постојани контроли и вонредни мерења на емисиите на штетни гасови,

-дислокација на индустриските објекти од станбените зони,

-промена на огништата кај пекарите на леб од дрво во електрична енергија, поставување на водени филтри на оџаците или нивна дислокација надвор од станбените зони.

РЕК “Битола“

-прописно одлагање на пепелта во РЕК по сите светски стандарди,

-подобрување на капацитетот на електростатичките филтри поради високите концентрации на суспендирани честички од нецелосното согорување на нискокалоричниот лигнит,

-започнување со проектот за десулфуризација, 

-набавка на соодветни филтри за абсорпција на тешки метали.

 Заштита на децата и старите лица

-набавка на околу 900 прочистувачи на воздухот за затворени простории за сите детски градинки, училишта, домови за стари лица и здравствени установи во општина Битола.

Сообраќај

 -субвенционирање на ДПФ филтри за автобусите од градскиот превоз,

-основање на Јавно претпријатие за градски сообраќај и воведување на поголем број на линии во градскиот сообраќај и почеста фреквенција,

-во деновите со високи концентрации на ПМ честички да се воведе бесплатен јавен транспорт, но во комбинација со мерката ПАР-НЕПАР,

-во соработка со централната власт, субвенционирање на замена за патнички возила од бензински во плински уред по модел 50-50%.

Испекторат за животна средина

-вработување на барем уште еден овластен инспектор за животна средина,

-измени и дополнувања во законите за животна средина за поефикасно делување на инспекторатот,

-месечни извештаи за своите активности пред јавноста преку веб страницата на општина Битола,

-полесно пријавување на загадувачи на животната средина преку соодветен портал или веб страница.

More from ВестиMore posts in Вести »