Press "Enter" to skip to content

Здружението за македонско-руско пријателство од Битола, одбележа голем јубилеј, 25 години постоење (фото)

Во просториите на Меѓународниот славјански универзитет во Битола денес на свечен начин беше одбележан, големиот јубилеј, 25 години од основањето на Здружението за македонско-руско пријателство “А.А. Ростковски“ од Битола.

На големиот број на членови и пријатели на ова Здружение им се обрати Патар Гаштаров, претседател на Регионалното здружение “А.А.Ростковски“, а за јубилејот на здружението “А. А. Ростковски“од Битола, зборуваше претседателот, Драган Романски.

-Ова е голем јубилеј на нашето битолско здружение, кое точно пред 25 години беше основано, веднаш по признавањето на Република Македонија од страна на Руската федерација. За 25 години откако е формирано здружението имаме организирано голем број на активности, за кои сега би немале време да ги споменеме, бидејќи се навистина многу. Би сакал да им се заблагодарам на сите раководства и членови на ова прво здужение за Македонско-Руско пријателство, и би ги поканил сите кои сакат да ја зголемиме соработката со Руската Федерација да дојдат кај нас, бидејќи сме отворени за соработка со сите, рече претседателот на Здружението за Македонско Руско пријателство од Битола, Драган Романски.

На присутните им се обрати и д-р Јордан Ѓорчев, како претседател на Сојузот на здруженијата на Македонско – Руско пријателство во Република Македонија, кој рече:

-Ме радува дека ова прво битолско здружение за Македонско-руско пријателство слави ваков голем јубилеј, но од друга страна сум тажен бидејќи сме сите ние за толку години постари. Сакам на управата на здружението и на сите членови да им го честитам јубилејот и да им посакам да се видиме на 50 годишнината.

По повод јубилејот се одржа и концерт на црковна музика, а беше прикажан и документарен филм за главниот град на Руската Федерација, Москва.

Текст и фото: С. Ристевски

More from КултураMore posts in Култура »