Press "Enter" to skip to content

Општина Битола ја објави новогодишната програма, со “Боеми“ во Новата 2018

Општина Битола денес ја објави новогодишната програма за дочекот на Новата 2018 година. Според програмата битолчани че имаат организиран дочек на Новата 2018 година на  плоштадот “Магнолија“ со програма која е наречена “Новогодишен џубокс“.

На 31 декември 2017 година од 22 часот ќе настапат:

-Бојан Стојков,

-музичката група “Боеми“,

-Илина Чоревска,

-Викторија Степановска – Јанкуловска,

-Марјан Георгиевски и

-Маја Андоновска – Илиевска.

Претходно во 20 часот ќе настапи и Борче Наумовски.

Во детската програма која ќе започне на 31 декември во 11 часот а ќе настапат:

-изведувачи од фестивалите  “Тра-ла-ла“ и “Си-до“,

-детските претсави “Новогодишна збрка“ и “Кловновоте на Дедо мраз“, 

а најмладите ќе имаат другарување со новогодишните аниматории други омилени детски ликови.

На 30 декември 2017 година во големата сала на Ценатрот за култура ќе се одржи новогодишниот концерт на Камерниот оркестар.

More from ВестиMore posts in Вести »