Press "Enter" to skip to content

Сообраќајка кај Туланата: излетал од патот и загинал на самото место

Само што пред неколку дена МВР излезе со соопштение дека најмногу жртви на патиштата има во Битола и Битолско, синоќа се потврди тоа, се случи сообраќајка со изгубен млад живот.

Имено, возило марка „ауди“, со битолски регистарски, ознаки управувано од возач со иницијали Р.Г. (40) од Битола, вчера во 20:35 часот излетало од коловозот на стариот пат Битола – Тополчани, во близина на “Туланата“ во правец кон крстосницата за село Могила, при што возачот починал на лице место, соопштуваат од МВР.

Не местото на настанот увид извршиле јавен обвинител и екипа од Секторот за внатрешни работи Битола.

По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е дадено на обдукција.

More from ВестиMore posts in Вести »