Press "Enter" to skip to content

Битолчанката Тања Грегова коавтор на првата “Македонска илустрирана енциклопедија за деца“

Деновиве во Скопје, во хотелот “Порта“ се одржа промоцијата  на првата “Македонска илустрирана енциклопедија за деца“ во издание на издавачката куќа “ЕДУКА МАК“ од Скопје.

 

Автори на ова прво од ваков вид издание во Македонија, покрај битолчанката Тања Грегова, се уште м-р Ели Маказлиева и Александра Велинова, а илустрациите се на Игор Јовчевски.  Рецензенти се проф. д-р Татјана Котева- Мојсовска и проф. д-р Сузана Никодиновска- Банчотовска, двете професорки на Педагошкиот факултет како и на д-р Христо Петрески- писател, поет, есеист и книжевен теоретичар.

-Енциклопедијата има за цел да ја поттикне љубопитноста и интересот кај децата и првенствено  е наменета за деца од 5 до 10 годишна возраст, но има можност да ја користат сите деца и помалите и поголемите.  Содржините на ово уникатно дело има за цел и да обезбеди влијание врз формирањето на сликата за себе кај децата , како и врз создавањето и негувањето на чувството на припадност и идентитет, ни рече по промоцијата Тања Грегова.

Енциклопедија според својата оригиналност и единственост е прва од ваков вид во Македонија, создадена  од автори кои ги познаваат детските развојни карактеристики и потреби.

-Во енциклопедојата  се обработени 39 тематски содржини кои даваат основни информации за татковината Република Македонија, за нејзините убавини како и позначајни податоци прилагодени на возраста на детето, додава Грегова која вели:

-Оригиналните илустрации на неверојатен начин ги презентираат содржините како неизоставни елементи кои ќе го дооформат впечатокот  на енциклопедијата.  Идејно-концепциската  и содржинската  структуираност од попросто кон посложено дава посебен белег за приемчивост и достапност за децата, дополнувајќи го дефицитот на литература од ваков вид кај нас и создавајќи драгоцен придонес во литературата за деца.

More from КултураMore posts in Култура »