Press "Enter" to skip to content

„70 години со планините“ изложба на Томе Лисичанец

Вљубениците во фотографијата од синиќа можат да уживаат во изложбата на фотографот, Томе Лисичанец која беше отворена во салата за изложби при Завод и музеј –Битола.

Изложбата со наслов „70 години со планините“ е трета по ред на Томе Лисичанец- вљубеник во природата, по професија шумарски инженер и почитуван професор во средното шумарско училиште во Кавадарци, а денес во пензија. Фотографијата му станува голема љубов, а  тема планините и убавините од каде и црпи инспирација за своите живописни фотографии.

Потекнува од Кавадарци  но дел од неговото детство го поминува во Битола кога  и се вљубува во планината и преубавиот Пелистер кои понатаму му стануваат инспирација за фотографирање. Ги искачил сите високи врвови на Балканот и се уште е активен планинар. Низ сите тие искачувања и авантури всушност произлегоа неговите фотографии, кои секоја за себе е некој спомен или приказна.

Изложбата под наслов „70 години со планините е отворена во неговиот роден град Кавадарци и продолжи во Битола, каде ќе биде изложена една недела и можат да ја видат многу вљубеници на планините.

На фотографиите можевме да видиме и птици кои и му биле инспирација прв да го направи хранилиштето за ретки видови на орли и здружение за нивна заштита.

Томе Лисичанец за работа и активности кои ги преземал сите овие години нагардуван е со многу награди, плакети и признанија.

More from КултураMore posts in Култура »