Press "Enter" to skip to content

Уредот во Битола ќе го носи името на познатиот лекар, Евреинот д-р Хаим Абраванел (фотогалерија)

На пригодна свеченост која се одржа во дворот на Јавната установа здравствен дом на која присутвуваа градоначалничката на Битола м-р Наташа Петровска, амбасадорот на Израел во Македонија, Дан Оријан, заменикот министер во владата на РМ за здравство, Гоце Чакаровски,в.д. директорката на Домот за народно здравје, Весна Спирковска и други гости, денес и официјално доби име, а тоа ЈЗУ “Д-р Хаим Абтаванел“.

Името на Здравствениот дом во Битола е во чест на познатиот еврејски интернист кој работел во Битола, д-р Хаим Абраванел, а во Битола дошол во Битола во 1946, а до 1963 година бил шеф на здравствена установа.

Пред откривањето на името на присутните им се обратија градоначалничката на Битола, Наташа Петровска, израелскиот амбасадот Дан Оријан, внуката на Абраванел, Шели и в.д. директорката на Домот за народно здравје, Весна Спирковска.– Овој настан е можност да искажеме благодарност некому кој што се вложил во нашиот град. Денешниот настан е потврда на космополитизмот на нашиот град, но и потврда дека денешните генерации го сочувале чувството за почит и за градење вистински вредности кои со државата Израел ќе се продлабочуваат, нагласи градоначалникот на општина Битола Наташа Петровска, која додаде дека Општина Битола освен јавна поддршка на одлуката, ќе даде импулс и  за други видови соработка на стопански, културен и образовен план, рече градоначалничката на Битола, м-р Наташа Петровска.

Израелскиот амбасадор Ориан кој како рече се навикнал на убавиот прием во Битола и тоа се повторува при секое негово доаѓање во Битола, а од сите места кои ги посетува смета дека Битола најповеќе сочуствува со трагедијата на Евреите и дека народот тука се грижи за заедничкото минато.

– За нас именувањето на здравствениот дом во Битола со името на д-р Хаим Абраванел е посебно важно, бидејќи можеме во иднина и заеднички да реализираме многу проекти. Се обидуваме да поврземе повеќе работи и затоа денес во Битола доведовме претставници на две компании од Израел. Едната се занимава со соларна енергија, а другата од сферата на земјоделството. Во Битола имаме повеќе интересни проекти, а денешниот го реализираме во соработка со Министерството за здравство, истакна амбасадорот Оријан.

Заменик министерот за здравство, Гоце Чакаровски во име на Владата на РМ рече дека  владината одлука е потврда за досегашната и најава за идна меѓувладина и посебно соработка во сферата на здравството истакна, а додаде:

– Соработката меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Израел продолжува, а ќе ги користиме искуствата на колегите од Израел и дека директно ќе придонесат за развојот на здравството во нашата држава и градот Битола, бидејќи битолчани тесно се поврзани со израелската држава, а како што гледате и ова дел од од таа долгогодишна соработка.

Вкуката на Абраванел, Рахел Шели Леви Друмер, чие име ќе го носи името на “Уредот“ мошне емотивно на македонски јазик рече дека македонскиот јазик и е како мајчин и додаде:-Многу сум возбудена на оваа церемонија каде се именуваше Здравствениот дом по дедо ми, кој беше тука шеф од 1946 до 1963 година. Јас растев тука, тука ми беше домот и тука се чувствувам дома. Дедо ми би бил многу горд за ова што се случува сега, изјави , внука на д-р Хаим Абраванел.

Таа поради тоа дека според еврејскиот календар точно на денешен ден пред 75 години во Битола беше извршена депортацијата на Евреите од овој град мошне емотивно прочита молитва на еврејски јазик во чест и слава на сите битолски Евреи кои точно на овој ден, од дворот на “Уредот“ беа депортитани во логорот Треблинка.

-Посебно значење за нас, но и за здравствениот систем е тоа што преименувањето на Домот за народно здраавје, се случува оваа година која за нас е јубилејна, бидејќи во 1948 година започна изградбата на овој Здравствен дом, на местото каде што некогаш било еврејското маало, изјави д-р Весна Спирковска, в.д. директор на Здравствен дом „Д-р Хаим Абраванел“.

Текст и фото: Сашо Ристевски

More from ВестиMore posts in Вести »