Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: приведување за марихуана, тешко повреден моторциклист на “Солунска“

На 12.09.2026 во 23.00 часот на ул. „Партизанска” во Битола, полициски службеници од СВР Битола  ги лишија од слобода  Д.Ј.(39)  и Г.Н.(37) од Битола бидејќи при преглед кај Д.Ј. била пронајдена марихуана. По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.

На 12.09.2026 во 12.23 часот во  СВР Битола била  пријавенa сообраќајна несреќа на крстосницата од ул. “Солунска“, ул. „Димо Хаџи Попов“ и ул. “Михајло Бојаџиев“ во Битола помеѓу патничко возило „мерцедес” со битолски регистарски ознаки управувано од Д.Ќ. (26) од Битола и моторцикл со битолски регистарски ознаки управуван од Т.Л. (22) од с.Кравари, битолско. По несреќата возачот на моторциклот бил пренесен во Клиничка болница Битола каде од страна на доктор констатирани му биле тешки телесни повреди. Увидот го извршила увидната екипа на СВР Битола.

More from ВестиMore posts in Вести »