Основното училиште “СтивНаумов“ од Битола реализира еко-марш насловен “Ден со велосипед до училиште“ на кој учествуваа ученици од училиштето, а настанот е дел од меѓународниот проект „Green Schools 2.0 for a sustainable future“ (“Зелени училишта 2.0 за одржлива иднина“) кој нашето училиште го реализира во рамки на програмата Еразмус+: КА 2, заедно со училишта од Италија, Грција, Полска, Романија и Португалија.
-Овој настан го организиравме со цел да се намали загадувањето и да се означи почетокот на еколошките активности од проектот, а во пресрет на 5 март, Светскиот ден за енергетска ефикасност. Учениците со нивните велосипеди тргнаа од градското шеталиште, возеа низ неколку битолски улици и пристигнаа во училишниот двор, вели Ана Динковска-Божиновска.
Учениците додека се возеа до училиштето со своите велосипеди на случајните минувачи им поделија флаери и брошури за настанот.
За успешна реализација на настанот беше остварена соработка со претставници од МВР кои ги придружуваа учениците и се погрижија за нивната безбедност.
Во рамките на проектот во училишната сала во ОУ “Стив Наумов“ беше реализиран отворен инфо-ден каде пред присутните родители, наставници и пошироката јавност беше презентиран проектот, неговите цели, досегашни и понатамошни активности и мобилности кои ќе следат во иднина.
Инаку, овој проект започна со реализација во октомври 2017 и ќе трае до октомври 2019 год.
Присутните гости беа запознати дека 2 наставници и 3 ученика од нашето училиште ќе учествуваат на мобилност заедно со сите партнер училишта која ќе се реализира на островот Крф, Грција од 25 февруари до 3 март 2018 год.






