Пливачите од пливачкиот клуб Југ од Битола настапија на овогодинашниот “Император Куп“ кој се одржа во Битола во водите на Олимпискиот базен.
Пливачите под менторство на професорот Михајло Трампевски имаа одличен настан и се закитија со медали во своите категории.
Јан Шутиновски освои трето место во категорија 50 метри краул, Стефан Шурбевски второ место во дисциплина 50 краул и трето место на 100 метри краул.
Андреј Вељанов освои второ место на 50 краул и второ место на 100 метри краул, Јаков Ѓуровски трето место во дисциплината 50 метри грбно. Евгенија Јовчева освои прво место до дусциплина 50 метра краул и Деа Ивановска трето место на 50 метри краул и трето место – 50 делфин.
Тренерот Михајло Трампевски е задоволен со постигнатите резултати со оглед на кратката сезона која ја одработуваат во летниот период на Олимпискиот базен.

Одлични резултати на пливачите на Југ на “Император куп“ во Битола (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Трио „Интерарт“ со настап на фестивалот „Златна лира“
- Во Битола сончево со мала облачност, температурата до 15 степени
- Македонската филхармонија го изведе “Музички код“ во Битола (фотогалерија)
- Антонио Јолевски назначен за в.д. виш јавен обвинител во Битола
- Нов претседател на КК Пелистер е Јован Кузмановски
More from СпортMore posts in Спорт »
- Нов претседател на КК Пелистер е Јован Кузмановски
- Арабел Рустемовски по бронзата на Европско на прием кај градоналникот Коњановски
- Еуеофарм Пелистер не направи изненадување во Германија, поразен од Гумерсбах
- ЕХФ го најави денешниот натпревар на Еурофарм Пелистер
- Пелистер само со бод се враќа од Струмица









