Press "Enter" to skip to content

“Чкембарски турнир“ во мал фудбал, победник екипата на Баир Кркардаш

Во организација на навивачката група “Чкембари“ вчера во спортската сала “Младост“ се одржа еднодневен турнир во мал фудбал на кој учествуваа 26 екипи од целиот град.  Натпреваритеги проследија околу 500 гледачи, најголем дел членови на навивачката група “Чкембари“.

На турнирот се појавија со свои екипи и подргрупите на навивачката група “Чкембари“од сите населби каде има формирано такви групи.

Турнирот се играше по скратен систем, односно натпреварите траеја по 8 минути. Победник на турнирот е екипата на Баир Кркардаш, која заслужено дојде до првото место. Екипата на Баир Кркардаш ја прослави победата заедно со навивачката подгрупа “Ултрас“ од населбите Баир и Ушици.

Според организаторите целта на организирањето на еден ваков турнир е пред се дружењето, враќање на публиката во салата и стадионот, но секако и “загревање“ на “Чкембрите“ пред натпреварите кои ќе ги имаат нивните екипи со име Пелистер во пролетниот дел во битката за бодови и Куп натпревари.