Press "Enter" to skip to content

Битола утрово, понеделнички, под прва снежна покривка зимава (фотогалерија)

Битола и битолско од вчера ја зафати снежен бран, а снегот кој паѓа околу дваесетина часови, со не така силен интензитет, формира снежна покривка околу 10-15 сантиметри во градот, а секако снежната покривка е повисока на повисоките места во Битола и потпелистерието.

Битолчани кои утрово заминаа на своите места со вообичаените проблеми за вакво време, чистење на возилата од снегот, чекање на такси подолго време, не беа толку воодушевени, колку тоа што беа децата кои заминаа на училиште во претпладневната настава, кои едвај ќе го чекаат крајот на наставата да се впуштат во зимските снежни лудории.

Но, многу да не кажуваме како е низ Битола, утрово помеѓу 7 и 8 часот, сами ќе видите преку фотографиите кои ги направи нашиот фоторепортер, како се вели од “самото место на настанот“, а ние ви ги претставуваме како понеделничка зимска битолска  фотогагалерија во која ви претставуваме петнаесетина фотографии.

Фото: Сашо Ристевски

More from БитолаMore posts in Битола »