Press "Enter" to skip to content

Честитка за 8-ми Март до сите жени, сопруги, мајки… херои на современото живеење

Денешниот ден 8-ми Март е посветен на жената која е и сопруга, мајка и во трката да биде равноправна превзела на себе и премногу обврски кои сакала таа или не, околината-општеството, семејството или таа од себе, ги очекува.

При сето тоа современта жена треба да е добра сопруга, мајка и исто така успешна во нејзината кариера, и на работното место. При тоа таа секогаш треба да биде расположена, задоволна од себе, без да се жали и убаво и средено да изгледа.

Во таа трка со секојдневните обврски и стресот мора да признаеме дека денешните жени се херои на современиот начин на општествен, социјален, политички и културен живот во општеството. Очекувањата од околината, но некогаш и нејзините очекувања кои си ги наметенала да биде успешна во се, и прави и дополнителен стрес кога таа самата не ги исполни.

Исто многу често и самите жени следејќи ги наметнати модни трендови и реклами, дека секогаш треба да изгледа топ средена се разбира во секоја прилика (дури и кога готви) и се разбира тука се и правилата да има  одредена телесна тежина  (често наметнати  модни правила) и дополнително ја оптоваруваат жената.  Често сето тоа  и влијае на нејзината самодоверба и со тоа и задоволство или незадоволство од сопствениот надворешен изглед.

Заради тоа драги дами немојте да превземате на себе премногу обврски врз себе сметајќи дека така ќе ви признаат дека во се сте супержена. Супержени постојат но само покрај се што прават и задоволни се со себе и со своите постигнувања. Заради тоа и не се оптоварувајте дали имате некој вишок на килограм, целулит, или понекое бело влакно во косата, можеби е разултат на стресниот начин на живот и многубројните обврски.

Вие и така сте херои на современиот начин на живеење, во се разбира, машкиот свет на воспоставени родови улоги и начин на однесување.

Среќен 8-ми Март на сите жени суперхерои!  

www.bitolanews.mk

More from БитолаMore posts in Битола »