Press "Enter" to skip to content

Во Горната гимназија, изложба “Незаборав“ за битолските Евреи

Ликовна изложба на ученичката Магдалена Петровска, насловена “Незаборав“ е отворена во училишната библиотека во Горната гимназија во Битола, по повод 11 Март, Денот на депортацијата на битолските Евреи во 1943 година.

Со мотиви и теми од  Холокаустот извршен врз милиони Евреи во текот на Втората светска војна, ученичката  од трета година Магдалена Петровска, на јавноста и се претставува со 11 свои цртежи и слики.Непосредна инспирација за создавањето на овие дела е музиката на шведската група “Сабато“ која најчесто на својот репертоар има дела посветени против војната особено против расизмот и геноцидот, а најсилен поттик ми даде нивната песна  “Последниот избор“– изјави за “Битола њуз“, Магдалена Петровска и додаде – токму силата на музиката ме инспирира, моите чувства да ги преточам во ликовни дела, кои многумина  кои ја посетуваат изложбата не ги оставаат рамнодушни.

 Желбата  на Магдалена Петровска е да стане ликовен уметник  и своето понатамошно школување да го продолжи  на ликовна академија во земјава или странство, за што и следните нејзини ликовни чекори ќе се насочени во подготовки за таа цел. Поддршката што таа ја има од нејзините родители е мошне значајна,  а е присутна од нејзината мала возраст.Инаку, за да се реализира оваа ликовна изложба, значаен придонес дадоа наставникот по ликовна уметност Александар Поповски и библиотекарот Драган Ристевски, за што Магдалена Петровска јавно им изрази благодарност.

С.Р.

More from КултураMore posts in Култура »