Press "Enter" to skip to content

Скантата со победа по прекин ја започна боксерската сезона (фотогалерија)

Александар Најдовски – Сканта во последната борба од денешните боксерски борби во спортската сала “Младост“ во Битола, од Првата боксерска лига на Македонија, ја отвори оваа сезона.

Љубимецот на публиката во Битола, Најдовски, со прекин во втората рунда, по серијата тешки удари кои му го нанесе на противникот Муамед Учар, од БК Борец од Велес, и по одлуката на судиите ги освои првите бодови во Првата боксерка лига, која денес стартуваше во Битола.-Среќен сум што со победа се вратив во рингот по подолга пауза и што ја имав поддршката од битолската публика во “Младост“. Сакам да им честитам и на останатите битолчани кои победија денес во своите категории, рече Скантата по завршувањето на борбата.

Покрај Скантата на кој тренер му беше Алексадар Димовски – Димса, настапија и во јуниорска конкуренција и сениорска конкуренција

до 91кг. – Петар Марковски (Пелистер 2007) – Леонард Исмаил (Тернипе) 2-0 (јуниори)

до 64кг. – Кире Јаневвски (Аперкат) – Денис Муаремовски (Пелистер 2007) 0-2 (сениори)Лигашкиот систем е во организацијана Боксерската федерација на Македонија, а покровител е Агенцијата за спорт и млади на РМ. Технички организатор беше боксерскиот клуб Пелистер 2007 од Битола.

Врховен судија на денешните боксерски борби беше битолчанецот Цане Георгиевски – АИБА судија, а покрај него беа и Петре Неделковски, Ристо Огнанов, Фросина Манева и Радмила Симовска.Инаку, околу 3.000 љубители на боксот во спортската сала „Младост“  беа присутни на отворањето на  лигашкиот систем на македонскиот бокс, а денес се одржаа десет бокс-меча во кадетска, јунорска и сениорска конкуренција. На трибините имаше и голем број на боксери – ветерани, како и спортски работници кои се потсетија на убавите боксерски денови.

На ова натпреварување покрај Пелистер учествуваа и клубовите: Тернипе, Борец, Пинк Пантер, Баргала, Јордан Мијалков, Ас, Шкендија, Аперкат, Алексо Огненовски и Тигар МБМ.Покрај битолски боксери се постигнаа и следните резултати:

Кадети:
до 54кг. – Ѓоше Ѓошов (Пинк Пантер) – Елес Асанов (Баргала) 2-1
до 60кг. – Благојче Мицевски (Баргала) – Лазар Здјелар (Јордан Мијалков) 3-0
до 63кг. – Трајче Илиоски (АС) – Ибрахим Алија (Шкендија Бокс) 2-0

Јуниори:
до 75кг. – Тодор Конески (Јордан Мијалков) – Ристе Ристов (Пинк Пантер) 0-2 и сен
до 64кг. – Кире Јаневвски (Аперкат) – Денис Муаремовски (Пелистер 2007) 0-2

Сениори:

до 69кг. – Даниел Вретоски (Алексо Огненовски) – Ангелчо Мицевски (Тигар МБМ) 2-0
до 75кг. – Игор Атанасовски (Тигар МБМ) – Октај Фератов (Борец) 0-2
до 81кг. – Димитар Тасевски (АС) – Борче Ивановски (Тигар МБМ) 0-2
до 91кг. – Момед Учар (Борец) – Александар Најдовски (Пелистер 2007) 0-3

Следните борби се закажани за идната сабота, а ќе се одржат во Штип. 

Текст и фото: Сашо Ристевски

 

More from БитолаMore posts in Битола »