Press "Enter" to skip to content

“Кронберг и Шуберт“ ги испочитуваа маскираните деца со колачи кои им ги делеа омилени ликови на Дизни (фото)

Денешниот ден 1 ви Април кој е ден на шегата, но и ден кога сите се облекуваат во костими и маски на суперхерои и ликови од  бајки, приказни, филмови, стрипови…  Маскирањето на овој ден станува традиција и секоја година по Широк Сокак продефилираат најразлични маски и костими со глума и однесување на ликот кој се претставува. Така макар и за еден еден секој може да се најде маскиран како својот омилен лик и да се пренесе во еден чудесен свет на фантазџијата оддалечувајќи се од секојдневната реалност.

Така и овој први април и покрај лошото време со ветер и повремен дожд пред “Магнолија“ и на Широк Сокак имаше многу родители со  деца  кои беа со костими и маски.

Претставници од компанијата “Кронберг и Шуберт“ облечени во познатите ликови на Дизни, Мики и Мини Маус ги почастија со слатки.Манифестацијата која ја организира општина Битола за сите основни училишта која требаше да се одржи со дефиле по Широк Сокак се одложи заради временските услови. Учениците од основните училишта тоа го поместија за понеделник 2 Април кога сите во своите училишта ќе се претстават со своите костими и маски.Краткиот период на сонце некои го искористија за прошетка  и претставување на своите костими и маски за кои и неколку денови родителите ги припремаат своите деца. Така можеа да се видат најразлични ликови сите дотерани и беспрекорно подготвени. Но дождот и ветерот ги натераа сите да се префрлат во кафулињата каде и продолжи забавата и маскенбалот.

Ж.Ристевска

More from БитолаMore posts in Битола »