Со поставените семафори и другата опрема за регулирање на сообраќајот на заобиколницата над Битола, од безнинската пумпа “Лук оил“ кај Довлеџик па се до клучката “Крклино“ конечно се ставеше во функција и по неколку години тешките товарни возила кои транзитираа низ Битола ќе ги немаше.
Но, неодговорни граѓани, само по два дена ги украдоа семафорите заедно со акумулаторите.
По кражбата на својот фејсбук профил се огласи и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска, со текст:
СЕМАФОРИ
30 Март – поставени семафори за регулирање на сообраќај на заобиколницата.
2 Април – украдени семафори.
Никако да ни “светни“.
Ама ќе ја биде. Нема запирање.
Р.S. “Од главата си патиме“.










