Press "Enter" to skip to content

Toмче Петрески, тренер на Пелистер: ќе одиме пополека, прва цел е победа над Пролет

Синоќа во спортката сала “Младост“ во редовниот термин за ракометарите точно во 18,30 часот започна попладневен тренинг на “пелистерци“ кој го водеше новиот тренер Томче Петрески. Фотографиите ги направивме во почетокот на тренингот и се надеваваме дека брзо ќе ја завршиме работата и ќе ги земеме изјавите од Томче,  но одлично оранизираниот и испланиран тренинт не дозволи ни малку слободен од на тренерот и неговите помошници, па моравме да го гледаме целиот тренинг и потоа да поразговараме.

Иако работеше напорно со ракометарите сепак по завршувањето на тренингот, кај Петрески не се почуствува умор, туку имаше време и за разговор со некои од ракометарите, со спортскиот директор Златко Димитровски, со Јован Василев ги договори термините за тренинг на машките и натпреварот на женските, а потоа распожен го почна разговорот, а прво прашање на кое ни одговори беше како дојде до ангажирањето во Пелистер.-Не знам на кој начин претседателот на Пелистер, Васко Ковачевски, дојде до мојот телефон, се јави со конкретна понуда да го преземам Пелистер. Но, сакам пред тоа да кажам за мојот ангажман во Пелистер, некој збор за мојот ангажман во Мароко. Таму бев професионален тренер кој одлично ја одработи својата работа. Со помал буџет од минатата сезона постигнав подобар резултат и сум задоволен. Но, имав проблем во себе и не знаев како да го решам тоа што ракометарите се однесуваа како аматери. Доаѓаа кога сакаат на тренинг, а некои и еднаш-двапати неделно. Јас  сум пред се професионалец и не сакам таков начин на работа, иако имавме одлични резултати. Затоа на поканата на Ковачевски не се мислев, туку веднаш побарав од Управата да ме ослободат. Ме замолија да ја водам екипата на уште еден натпревар, на што јас се сложив, а потоа следуваа нови понуди, да останам некое време, да ја доведам сопругата -семејството, да го разгледаме Мароко да поседам таму уште некое време, но јас ете сум во Битола, откако без ни малку размислување ја прифатив понудата на Ковачевски, ни вели Томче Петрески.

За екипата на Пелистер, Петрески вели:

-Секоја промена во тренер на клуб е тешка, но сите сме професионалци и ја работиме работата, па така беше и на денешниот тренинг како и сами гледавте. Се работеше по план испланиран до секоја минута, а така ќе биде во иднина. Имам план за работа кој мора одлично да го изработиме на секој тренинг, бидејќи ни престои тежок натпревар на 11 април и имаме време да се запознаеме со ракометарите и секако да направиме атмосфера која ќе биде победничка.

Во второто коло од плеј-офот гостувате во Скопје, кај екипата на Пролет, како се подготвувате за  таа средба, а како за понатаму?-Не би кажувал како понатаму, бидејќи сега сме сконцентрирани на тренинзите до натпреварот со екипата на Пролет, кој многу ни е битен, а останатите планови ќе ги одредуваме како ќе доаѓаат натпреварите. Сега ќе бидеме и комплетни во екипата за тренинзите, сите ќе бидат во тренажен процес и ќе можеме да работиме на сите полиња на физичка подготвеност и на тактичка поставеност на играта. Што се однесува пак до екипата на Пролет, таа е добра екипа, која има и засилувања, но ние сме јасно во нашите цели, одиме на победа во Скопје, но пак ќе повторам, се е во игра, топка е, се тркала и се е можно. Но, нам победата ни е во прв план и ќе биде поттик за понатамошната работа,  вели тренерот на Пелистер, Томче Петрески.

Пелистер во првото коло беше поразен од екипата на Еурофарм Работник, во второто коло гостува во Скопје, а во третото е домаќин на европскиот шампион Вардар. Најверојатно таа средба ќе се игра следниот понеделник, а денес ќе биде жребката за квалификациите за завршницата од Купот, каде Пелистер е носител на група, како и Вардар, Металург и Еурофарм Работник.

С.Р

More from БитолаMore posts in Битола »