Press "Enter" to skip to content

Тројца Палестинци, без пасоши, фатени кај Лажец откако илегално ја минале границата

Тројца палестинци се фатени од полицијата во битолско откако илегално ја поминале грчко-македонската граница.

Тие вчера во 16.00 часот во реонот на мост на Лажечка река, по регионалниот пат кон Битола, полициски службеници ги привеле лицата A.А. (18), Ф.М. (24) и Е.З. (44), сите од Палестина, кои биле без документи за идентификација.

Личните податоци се земени по личен исказ.

Тие илегалено ја поминале грчко-македонската граница.

Со нив бил извршен разговор, по што биле пренесени во Прифатниот центар за странци „Гази Баба“.

More from БитолаMore posts in Битола »