Press "Enter" to skip to content

Драган Шветскио: Со велигденските забави го оживував просторот под Камен мост

-Кога дојдов на оваа локација кај Офицерски бев само јас со угостителски објект, а беше тешко да се работи во еден амбиент кога околу мене немаше други угостители околу мене. Барав начин како да го “разработам“ просторот и не се штедев во тоа. Еден од начините беше да се организира велигденска забава, се присетува на првата забава која ја организира Драган -Шветскио по повод Велигден пред шест години.

Денес состојбата не е како порано, пред шест години, кога на ова место беше само кафулето “Тач“, а потоа и пицеријата “Кај Шветскио“. Тука сега се кафулината “Аеро“ и “Јагода“, хотелот “Треф“, кафеаната “Кај Светката“, а има објеки и кон Камен мост, “102-ка“, “Меџик“ и најновото “Добри Вибрации“.-Сега се радувам кога гледам угостителски објекти околу мене. Сега, утринското кафе го пијам со сопствениците од кафулината, а пред годините сам на плинско, со смеа кажува Шветскио. Овој дел од Широк Сокак сега не е на лош глас како порано, кога ретко тука поминуваа луѓе, а сега сме “нова мода“ во Битола. Се надевам дека и битолчани се задоволни од тоа што им го нудиме, а ние сите заедно кои работиме во овој дел на Широк Сокак ќе се трудиме да воведуваме нови содржини и да им го правиме времето поминато тука позабавно, вели Шведскио.

Инаку, велигденската забава Шветскио ја организира по шести пат, со истата музичка група, а вели дека и во иднина ќе продолжи со ваквата практика.

С.Р.

More from БитолаMore posts in Битола »