Со затоплувањето на времето започна да се буди и природата насекаде па и на Баба Планина. Топлото време “ги разбуди“ пролетните цвеќиња, но на топлината не останаа имуни и животните, а и влекачите.
Така, вчера на потегот од Првата до Втората Река, на пат кон Ловечка куќа, била забележана како се движи по снегот една од најотровните змии во Македонија, поскок.
-Движејќи се по белата снежна патека не можев, а да не ја забележам шарената змија која се најде, не знам како, на патот. Веднаш ми стана јасно дека тоа е змија – поскок, какви сум гледал и сум ги фаќал со раце многу пати на Пелистер, сигурно по 20-30 годишно. Поскокот беше подолг од пола метар. Иако сум на Пелистер повеќе од 45 години, немам видено во овој период од годината кога има доста снег на патот до Ловечка, кога е ладно за змиите, поскок да се движи на надморска висина од околу 1.800 метри, вели Драган Ристевски, искусен планинар од Битола.
С.Р.






