Попладнево жителите на една од најстарите битолски маали, Јенимаале (Гинимале) ја одбележаа и ја продолжија вековната традиција Градски-селски Велигден, која само тука се одбележува на овој начин.
Како и изминатите години така и оваа година по повод овој празник се одржа дефиле низ улиците на населбата Јенимаале, кое заврши на Сретсело.
Во дефилето беа вклучени само групи од Културно – уметничкото друштво “Илинден“ кое од од оваа населба, а низ јенималските улици продефилираа членовите на детскиот ансамбл, предводени од членовите на оркестарот на “Илинден“.
Повозрасните жители на оваа населба денес се присетија на оваа стара традиција која единствено тука вака се одбележува. Се потсетија, како рекоа, на едно не така одамна минато време, кога оваа населба на овој ден беше претесна да ги прими сите гости, а сите куќи беа отворени, а на Сретсело во гужвата се играше оро, имаше панаѓур…






