Press "Enter" to skip to content

Семафорите на обиколницата се супер, ама возачите не ги почитуваат, а потоа – кавги (фото)

Bitolanews.mk  беше на местото каде што се поставени семафорите со кои се регулира движењето на возилата на обиколницата над Битола, каде што е свлечиштето.

Обиколницата по долго време е во функција, се санира свлечиштето на ридот, семафорите работат, а за да се заштитат од повторно кражба  самите семафори и акумулаторите се врзани со метален синџир за оградата на патот.

Но, за разлика од семафорите кои беспрекорно работат и пропуштаат возила, на одреден временски интервал, од двата правци возачите, барем десетина од нив, за кратко време, поминуваа кога сакаа.

Возачите не знаеме од кои причини, не сакаа да чекаат ниту една минута, туку поминиваа на црвено, без да размислат дека од другиот правец доаѓаат возила и може да дојде до несакани последици.За време на нашето престојување на обиколницата за неполни десетина минути преку објективот на нашата камера забележавме две ситуации кои малку фалеше да дојде до сообраќајна несреќа.

Во првата ситуација кога двете возила  (со црна боја) поминаат на црвено, од другиот правец доаѓа друго возило (со бела боја) и малку недостасуваше да дојде до најлошо, а во втората ситуација најверојатно комбето поминало на црвено, а возилата од другиот правец веќе поминаа на зелено светло.

Во втората ситуација малку недостасуваше размената на погрдни зборови да премине во поголема кавга, а во меѓувреме сите сите свирки на возилата беа на максимум.

Фотографиравме и регистриравме уште една несекојдневна ситуација на обиколницата кај семафорите, која ја ќе ја објавиме за брзо време.

С.Р.

More from БитолаMore posts in Битола »