Денес на градскиот стадион во Битола, под Тумбекафе екипата на Пелистер е домаќин на Силекс, во првенствен натпревар од Првата фудбалска лига на Македонија.
Овој натпревар е можеби еден од најважните екипата на Пелистер и со освоени три бода да ја избегне најопасната зона, претпоследното 9. место на табелата, со ист број на број на бодови колку и екипата на Скопје на последното 10. место, по 25 бода. Пред Пелистер на табелата е Победа на 8. место со 29 бодови, а Шкупи на 7. има 33 бодови.
Фудбалерите на Пелистер добро ја знаат состојбата на табелата, а Петар Љамчевски за денешниот натпревар вели:
-Се наоѓаме во незавидна ситуација на табелата и овој натпревар според тоа е од огромно значење на нас во борбата за опстанок, но и да потсетиме за Силекс за висок пласман. Денес, нема повеќе калкулации мораме сите да го оставиме срцето на терен и со пожтвувана игра по целиот терен да дојдеме можеби до најзначајните три бода оваа сезона. Силекс нема да биде лесен противник денес под Тумбекафе, но бодовите ќе останат во Битола.И Христијан Драгарски се надоврзува на оваа изјава на неговиот соиграч и додава:
-Ќе биде тешко денес, а и на следните натпревари, бидејќи знаеме дека секој натпревар за нас сега е одлучувачи во борбата за опстанок. Ни треба многу трчање, залагање, борба, спортска среќа и секако поддршка од публиката. Очекувам денес сите заедно да стигнеме до трите бода против Силекс.
Натпреварот започнува во 16 часот, а главен судија ќе биде Марјан Гоцевски од Струмица.
С.Р.