
-Битола од секогаш имале свои граѓани кои се обидувале на некој начин градот да го направат поубаво место за живеење, а еден од нов е сопственикот Велчо Петровски – Папал фирмата за аранжирање на излози и светлечки реклами. Папало со своите, некогаш и предверемени идеи, ја разубавувал со уредени и осветлени излози, со оригиначни идеи за рекламни паноа… започна со своите сеќавања Димче Миновски, хроничар на Битола и доајен на битолското новинарство.
Пред 10 години, во декември Папало замисли и реализира уште една оригинална идеја, постави клавир на кружниот тек кај “Веро“ и го додаде слоганот “Битола, бабам Битола“ и со тоа го разубави тој простор кај тогаш новоиградениот кружен тек, наместо огромната грда “раскрница“.
Тогаш Папало рече дека, покрај тоа што сака да го разубави кружниот тек и градот, сака да направи и нешто друго. И друг битолченец да се јави и направи едно вакво мало дело со кое Битола ќе биде поубава.
Но, и по десет години не сме многу сигурни дека неговата идеја е прифатена, и поединци, со чест на исклучоци, дека тоа го прават.










