-Голем број на спортисти во Битола покрај што дале огромни резултати во спортот тие се истакнале и како добри граѓани и големи хуманисти, помагале во разни хуманитарни акции, а и многупати дарувале крв за потребите на трансфузиологија на редовни и вонредни крводарителски акции, започна со своите сеќавања Димче Миновски, хроничар на Битола и доајен на битолското новинарство.
-Една од многуте крводарителски акции беше и акцијата во ноември 2014 година која беше организирана во малата сала на спортската сала, тогаш “Младост“, а во организација на секторот за спорт при Општина Битола во соработка со Општинската организација на Црвениот крст, а во која крв даруваа професионалци, спортисти ветерани, спортски работници, спортски новинари и други граѓани, вели Миновски.
Акцијата беше поддржана од страна на сите спортисти и спортски работници и навивачи, а се надеваа дека нивната хуманост ќе биде мотив повеќе и за останатите граѓани на Битола, да бидат хумани крводарители.
Спортистите беа едногласни дека секогаш кога е потребно се тука, да дадат крв во секое време, а рекоа дека се надеваат дека тоа нема да биде потребно.
Во крводарителската акција крв даруваа кик боксрерите Александар Димовски и Тони Бошевски, ракометарот Димитровски, мото кросистот Борче Костов, Благојче Петровски и Никола Пискачев како членови на управата на РК Пелистер, Предраг Созовски кошаркарски тренер, како и навивачи и поддржувачи на спортот.

Деновиве пред 10 години: спортистите ја покажаа својата хуманост, даруваа крв (фото)
More from БитолаMore posts in Битола »
- Деновиве пред 10 години: “Љубојна“ одбележа 15 години со спекатакуларен концерт со Влатко Стефановски и Џамбо Агушев (фото)
- Во населбата “Ушици“ во Битола, одбележан празникот Преображение Христово (фотогалерија)
- Турнир во бељот “Ушици 2026“ во Битола (фотогалерија)
- Од стара куќа до нова приказна, кнуга бар “Пионерски“ една година
- “Силно светнал ден“ во Битола, платото пред Офицерски претесно за битолчани и нивните гости (мега фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Мехмедовиќ без да одигра официјален натпревар си замина од Еурофарм Пелистер
- Од денес дизелот поскап за 3,50 денари – 10150 денари, бензините за 1,50 денари – 93,00 денари
- Нина Ангеловска Станков доаѓа во Битола: бизнис-разговор, “Ништо случајно“ и средба со бизнис-заедницата
- Во Битола сончево и топло, температурата до 35 степени
- Одлични резултати на пливачите на Југ на “Император куп“ во Битола (фото)










