Денес на градскиот стадион во Битола, под Тумбекафе екипата на Пелистер е домаќин на Силекс, во првенствен натпревар од Првата фудбалска лига на Македонија.
Овој натпревар е можеби еден од најважните екипата на Пелистер и со освоени три бода да ја избегне најопасната зона, претпоследното 9. место на табелата, со ист број на број на бодови колку и екипата на Скопје на последното 10. место, по 25 бода. Пред Пелистер на табелата е Победа на 8. место со 29 бодови, а Шкупи на 7. има 33 бодови.
Фудбалерите на Пелистер добро ја знаат состојбата на табелата, а Петар Љамчевски за денешниот натпревар вели:
-Се наоѓаме во незавидна ситуација на табелата и овој натпревар според тоа е од огромно значење на нас во борбата за опстанок, но и да потсетиме за Силекс за висок пласман. Денес, нема повеќе калкулации мораме сите да го оставиме срцето на терен и со пожтвувана игра по целиот терен да дојдеме можеби до најзначајните три бода оваа сезона. Силекс нема да биде лесен противник денес под Тумбекафе, но бодовите ќе останат во Битола.
И Христијан Драгарски се надоврзува на оваа изјава на неговиот соиграч и додава:
-Ќе биде тешко денес, а и на следните натпревари, бидејќи знаеме дека секој натпревар за нас сега е одлучувачи во борбата за опстанок. Ни треба многу трчање, залагање, борба, спортска среќа и секако поддршка од публиката. Очекувам денес сите заедно да стигнеме до трите бода против Силекс.
Натпреварот започнува во 16 часот, а главен судија ќе биде Марјан Гоцевски од Струмица.
С.Р.






