Гевгелија – Пелистер 28:30
Ако двете машки екипи во фудбал и ракомет кои го носат името Пелистер не ги израдуваа љубителите на спортот во Битола по поразите на гостувањата, тоа го сторија девојките од женскиот ракометен клуб Пелистер, кој заслужено победија на гостувањето во Гевгелија.
Битолските рекометарки сега по оваа победа се на трето место, а Борче Корлевски, тренер на Пелистер вели:
-Победивме го Гевгелија над истоимената екипа Гевгелија со два разлика 30:28 и со оваа победа веќе сме загарантирано третопласирани на табелата, а тоа значи и излез на Еврипска сцена. Останува сега да ги чекаме резултатите од другите натпревари и ќе знаеме дали ќе бидеме на второто место, бидејќи сме на бод разлика од второпласираната екипа, и додава:
-Сега сите со нетпрение ја чекаме жребката за завршницата “Ф4“од женскиот ракометен куп и се надеваме дека ќе ја избегнеме екипата на Вардар за да победиме во полуфиналето и да играме за прв пат во историјата на женскиот ракомет во едно куп финале.